Откако остана без Алеиш Гомез, селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, мораше да се откаже и од услугите на уште едно квалитетно десно крило.
Каулди Одриозола, играчот на Нант, нема да игра на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, па Рибера мораше да повика нов играч.
Одриозола има повреда на мускулот и ќе го пропушти СП, а на негово место е повикан Карлос Алварез.
Шпанија е во група со Шведска, Чиле и Јапонија, а селекторот Рибера претходно се откажа и од услугите на Ферна Кастиљо.