Според шпанските медиуми, словенечкиот интернационалец Домен Макуц е на чекор до трансфер во редовите на Кил во летото 2026 година.
Сегашниот плејмејкер на Барселона се смета за идеален наследник на легендарниот Хрват Домагој Дувњак, кој ќе се повлече од ракометот на 38-годишна возраст.
Макуц, кој има 25 години, не го продолжи договорот со каталонскиот гигант, а неговата важност истекува токму во 2026 година – што отвора пат за слободен трансфер во еден од најголемите клубови во Бундес лигата и Европа.
Идното лето во Кил завршува една ера кога ќе замине Дувњак, но германскиот клуб очигледно веднаш ќе ја пополни празнината, носејќи млад, талентиран играч кој веќе има искуство на највисоко европско ниво.