Mакедонското трио стартуваше со тренинзи во Романија

Женските екипи во Романија се меѓу првите низ Европа што стартуваа со подготовките за новата сезона.

Тимот на Слатина, каде што ќе играат три Македонки, почна со тренинзите за сезоната во која се врати во најквалитетната конкуренција во Романија.

На Јована Саздовска и Јована Мицевска, кои и лани играа за Слатина, им се придружи кружниот напаѓач Ивана Гакидова.

По низата пријателски натпревари кои ќе бидат одиграни во текот на подготовките во август, Слатина на 1 септември ја чека првиот официјален натпревар од првенството против Крајова на гостински терен.