„Македонско“ трио на списокот на Зорман

Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела.

Зорман ќе смета на 19 ракометари за пријателскиот дуел со Србија, а меѓу нив има и тројца што настапуваат во Македонија.

Станува збор за членовите на Еурофарм Пелистер – левиот бек Ник Хенигман, средниот бек Домен Тајник и десниот бек Нејц Цехте.

Одмор добија Блаж Благотиншек, Борут Мачковшек, Рок Овничек и Миха Зарабец, кои остануваат во комбинација за настап на ЕП 2026.