Македонско славје среде Атина и голем чекор кон европски трофеј!

Македонскиот освојувач на Куп трофејот славеше победа на гостувањето кај АЕК Атина со 29-25 и направи голем чекор напред кон европски трофеј.

Во првиот дел се играше најчесто егал, а потоа домаќинот поведе со 14-12, но по тајм-аутот на Лазаров, македонските ракометари направија комплетен пресврт и ја преземаа контролата, 16-14.

Во второто полувреме, кое беше тензично поради грчките навивачи кои со шише го погодија Дамјан Митев и имаше краток прекин, доминираше македонскиот тим.

Голманот Иван Галевски ги излуде домашните ракометари, им фати пет пенали и уште девет удари, а претходно и Кизиќ беше одличен со десет одбрани.

АЕК намали на 22-23, но следуваше атракција на Велковски и Силва за 28-25 и мирен финиш за голема победа и реванш на кој ќе се брка европскиот трофеј.

Најдобри стрелци кај победникот беа Серафимов со шест и Силва со пет погодоци, додека шест за АЕК Атина даде Гаран.

Реваншот меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и АЕК Атина ќе се игра на 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.