Денеска и утре во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија се одржува семинар на ракометни тренери.
Семинарот има задолжителен карактер и сите тренери што ќе водат екипи што се дел од натпреварувањата на РФМ мора да ја поседуваат лиценцата што се стекнува на овој семинар.
Свои предавања во Охрид ќе имаат професорот Гино Стрезовски, Драган Ѓукиќ, некогашен тренер на Вардар и селектор на Македонија, како и делегатот Драган Начевски, и двајцата тренери со Мастер Коуч лиценца, Бранко Ангеловски и Кристијан Грчевски.
Тренерската лиценца што ја доделува Здружението на ракометни тренери е задолжителна за сите што ќе водат екипи во било која категорија од натпреварувањата под капата на РФМ.
Во Охрид се присутни повеќе од 100 тренери.