Женската пионерска репрезентација на Македонија загуби на првата средба на „Трофеј Србија“ од селекцијата на Австрија со 32-22.
Во првиот дел македонските ракометарки играа во егал, иако во еден период Австрија имаше плус три, но нашите пионерки се вратија до реми, дури и поведоа, но две грешки пред паузата беа доволно за ривалот да отиде со плус два на пауза, 15-13.
Во второто полувреме Австрија доминираше, еден слаб период на македонската репрезентација беше искористен од противникот кој по 24-20 се одлепи на плус осум, 28-20, па веќе немаше дилеми околу победникот.
Утре избраничките на Славиша Димитријески ќе се соочат со домаќинот Србија, а задутре ќе играат против Црна Гора.























