Женската пионерска репрезентација на Македонија го загуби вториот натпревар на Медитеранското првенство во Приштина, овојпат од Словачка со 29-21.
Првата третина избраничките на Славиша Димитријески ја загубија со 12-8, додека втората со 12-7. Во третиот период македонските ракометарки покажаа дел од своите квалитети и го добија со 6-5, а тоа значеше нов освоен бод.
Натпреварите се играат во три третини по 15 минути, а селекциите покрај двата бода за победникот, добиваат по 1 поен за добиена третина (или по 0,5 ако е реми).
На табелата, прва е Хрватска со 9,5 бодови, втора е Словачка со 9, Словенија на третото место има 5 бода, а Италија е четврта со 4,5. Македонија се наоѓа на петтото место со 2 бод, додека Грција е последна без бодови.
Следен предизвик за нашите ракометарки ќе биде утрешниот дуел од 12:00 часот против Словенија.

























