Македонските кадети со прв тест – ќе играат против комбиниран тим од Автокоманда

Машката кадетска репрезентација покрај редовните собири, оваа сезона ќе одигра и седум натпревари во кадетската лига.

Првиот е вечерва со почеток од 20:30, против комбинираниот тим од двата состави од Автокоманда, и ќе се игра во салата во Автокоманда.

На овој начин и со овие плус натпревари за младите ракометари, репрезентацијата ќе може повеќе да се воигра, да се испробаат повеќе играчи што секако ќе влијае на нивниот развој.

Покрај тоа, предвидено е учество на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во октомври.

Селекторот Горан Кузманоски и неговиот помошник Митко Стоилов ја водеа репрезентацијата на турнирот „Марко Божиновски“, потоа на Европскиот младински олимписки фестивал, а прв голем предизвик ќе бидат квалификациите за ЕП 2026 во Луксембург, каде што покрај домаќинот ќе играат и Финска и Грција.

📅 Планирани натпревари на репрезентацијата:

24.09.2025 – против Алкалоид/Мулти Есенс
08.10.2025 – против Еурофарм Пелистер/Еурофарм Пелистер 2
16/20.10.2025 – турнир „Трофеј Карпати“ (Романија, Полска, Србија)
19.11.2025 – против Вардар
03.12.2025 – против Македонија Ѓорче Петров
10.12.2025 – против Охрид
18.02.2026 – против Прилеп
04.03.2026 – против Пролет