Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа над Црна Гора, 28-20/4-1 (11-3, 12-8, 5-9), стартуваше на Медитеранското првенство во словачкиот град Шаморин.
Избраниците на Горан Кузманоски уште на стартот покажаа кој е кој на овој меч. Поведоа со 3-0, па 4-1 и до крајот на првата третина примија само уште два гола, 11-3.
Одбраната беше на ниво, а грешките на Црногорците беа казнувани со лесни погодоци за убедлива предност од осум гола. Вториот период исто така го доби Македонија со 12-8, а селекторот имаше прилика да ротира голем број играчи.
Во последната третина кога веќе беше познат победникот, Црна Гора успеа да го подигне нивото на игра и ја доби со 9-5.
Од 15:00 часот, македонските кадети ќе имаат уште еден натпревар денеска и ќе се соочат со Египет. Натпреварите на овој шампионат се игра во три третини по 15 минути, се добива по еден бод за секоја добиена третина (или по 0,5 ако е реми), и уште два за победа.

























