Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше на контролниот натпревар против комбинираниот состав на кадетите од Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 со 36-23.
На полувремето избраниците на селекторот Горан Кузманоски по првото полувреме водеа со 15-12.
Шанса за настап добија сите кои му беа на располагање, а освен голманите сите се запишаа во листата на стрелците.
Ова беше победничка увертира за кадетите пред настапот на силниот „Трофеј Карпати“ во Романија, каде освен домаќинот, ќе играат и селекциите на Полска и Србија.
Македонските кадети таму ќе ги имаат главните тестови пред квалификацискиот турнир во Луксембург, каде ги чекаат пресметки со домаќинот, Грција и Финска, а двете најдобри од групата ќе се пласираат на ЕП 2026.
Македонија: Атанасиј Трсунов, Мелин Фехми, Ѓорѓи Николовски, Петар Николоски 3, Ѓорѓи Лешниковски 3, Бобан Поповски 5, Стефан Ѓорѓиески 4, Максим Гарбески 3, Стефан Лазаревски 3, Марко Ѓорчевски 2, Горазд Дамчевски 1, Христијан Вујичевски 3, Јован Петрески 1, Христијан Ристов 2, Стефан Ѓорѓиевски 3, Димитар Симовски 2