Македонските кадети и младинци со двоен тест меѓусебе

Покрај сениорите, во оваа ЕХФ недела активни се и кадетите и младинците, кои ќе тренираат во Скопје во СЦ „Јане Сандански“.

Во рамките на подготовките за настап на европските првенства на лето, избраниците на Наум Танески и Горан Кузманоски ќе тестираат два пати меѓусебе.

Првиот натпревар меѓу кадедите и младинците ќе се одигра в петок на 20 март од 19:00 часот, додека вториот дуел е на 21 март од 17:00 часот.

Кадетската репрезентација ќе биде дел од ЕП во Србија од 29 јули до 9 август, а ќе биде во група со селекциите на Франција, Шведска и Словенија.

Младинците ќе настапат на ЕП во Романија од 8 до 19 јули и ќе играат против Хрватска, Норвешка и Данска.