Македонските кадети и младинци ги чека пекол на ЕП!

Машките кадетска и младинска репрезентација на Македонија на 25 февруари ќе ги дознаат противниците на Европските првенство во Србија, односно Романија.

Наспроти очекувањата, и во двете конкуренции да се најдеме во третиот шешир пред ждрепката, сепак ЕХФ ги смести двете селекции во последниот шешир.

Кадетите на Горан Кузманоски нема да можат да играат против Финска, Израел, Црна Гора, Полска и Турција, додека младинците на Наум Танески не можат да се паднат во иста група со Босна и Херцеговина, Летонија, Полска, Грција и Турција.

Домаќините на ЕП ќе ги изберат своите групи и шеширот каде се наоѓа домаќинот во двете конкуренции ќе биде влечен на крајот.

Јасно е дека Македонија ја чека тешка задача на двете ЕП, но сега за разлика од ЕП 2024 во Словенија и во Црна Гора, во главната рунда ќе играат прво и второпласираните, кои добиваат шанса да се борат за четвртфиналето.

ЕП кадети, Србија, 29 јули – 9 август, Белград

шешир 1: Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Португалија, Шведска
шешир 2: Хрватска, Фарски Острови, Исланд, Норвешка, Словенија, Србија
шешир 3: Австрија, Чешка, Франција, Италија, Швацарија, Словачка
шешир 4: Македонија, Финска, Израел, Црна Гора, Полска, Турција

ЕП младинци, Романија, 8 – 19 јули, Клуж и Турда

шешир 1: Данска, Германија, Унгариа, Исланд, Србија, Шведска
шешир 2: Шпанија, Норвешка, Португалија, Романија, Словенија, Швајцарија
шешир 3: Австрија, Хрватска, Чешка, Фарски Острови, Франција, Израел
шешир 4: Босна и Херцеговина, Македонија, Грција, Летонија, Полска, Турција