Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој ќе биде дел од стручниот штаб на Зоран Кастратовиќ во тимот на Ал Кадсија од Кувајт, а ова ќе биде трет нивен заеднички ангажман.
Претходно работеа заедно во составот на Ал Мудар, а имаа и репрезентативен ангажман во Саудиска Арабија.
Грчевски со женската репрезентација забележа две победи над Азербејџан и Литванија во квалификациите за ЕП 2024 година и практично ја однесе Македонија на големо натпреварување.