Екипата на Коњалти, во која настапуваат трите репрезентативки на Македонија, Ивана Гакидова, Елена Ѓорѓиевска и Моника Јанеска Килдан, за момент го презеде лидерското место во најквалитетното натпреварување во Турција.
Коњалти во натпревар од тамошниот шампионат славеше над Јаликавак со пет гола разлика, 29:24 (14:12) и дојде до 11-та сезонска победа.
Гакидова и Ѓорѓиевска постигнаа по еден гол, додека Моника Јанеска Килдан не настапи на натпреварот, бидејќи најави пауза поради бременост.
Следен предизвик за Коњалти ќе биде дерби дуелот против Јенимале, екипа која е позиционирана на 4. позиција.