Тимот на Холабрун каде што тренер е Влатко Митков, а играат уште двајца Македонци – Хари Павлов и Филип Арсеновски, ја продолжи победничката серија во Австрија.
Холабрун славеше на гостувањето кај составот на Ацгерсдорф, еден од главните ривали за место во елитата со убедливи 32-26.
Павлов одново беше најдобар стрелец и успеа да постигне осум погодоци на овој дуел, додека Арсеновски одлично ја заврши работата во одбраната.
Холабрун сега има шест бода, односно три победи на три меча, а следниот го игра дома против Сент Полтен.