Тимот на Холабрун, каде што играат двајца Македонци и двајца екс играчи на Охрид, а од клупата ги води Влатко Митков запиша прв триумф од Австрија.
Холабрун на домашен терен беше подобар од Грац со 37-28, а во главната улога беше Гал Цирар, кој до неодамна играше за Охрид.
Тој постигна дури 16 погодоци, а меѓу најдобрите стрелци беа Филип Арсеновски и Хари Павлов, кои постигнаа по шест гола, додека Рудолф Сафранко даде пет.
Холабрун се уште е последен на табелата со четири бода, а следниот меч го игра на домашен терен против Фуксе.

























