Тимот на Холабрун, каде тренер е Влатко Митков, а таму играат и Хари Павлов и Филип Арсеновски, приреди сензација и се пласираше во осминафиналето на Купот на Австрија.
Холабрун на домашен терен го совлада составот на Ферлах со 26-22 и обезбеди место во следната рунда.
Ферлах во моментов е лидер на табелата во Австрија по 11 кола и се очекуваше да мине лесно понатаму, но „македонскиот“ тим не признава фаворити и го елиминираше.
Арсеновски даде четири гола, Павлов еден, додека некогашните играчи на Охрид, Рудолф Сафранко и Гал Цирар, дадоа седум, односно четири гола.
Грац на некогашниот младински репрезентативец Борјан Дамјаноски, кој даде три гола, исто така се пласираше во осминафиналето по триумфот над Ацгерсдорф со 32-25.

























