Тимот на Холабрун, каде тренер е Влатко Митков, а играат Македонците Хари Павлов и Филип Арсеновски, приреди сензација на стартот на сезоната во Австрија.
Холабрун одигра нерешено на домашен терен против австрискиот вицепрвак Алпла Хард, 29-29.
Екипата на Митков може да биде задоволна од освоениот бод, бидејќи водеше со четири гола, во вториот дел губеше со исто толку, но во финишот се избори за реми.
Меѓу најдобрите поединци беше Арсеновски, кој постигна пет гола, додека Павлов стрелаше два пати. Пет погодоци за домашниот тим даде екс членот на Охрид, Рудолф Сафранко.