„Македонскиот“ Холабрун на максимум во Австрија

Тимот на Холабрун, каде што тренер е Влатко Митков, а играат Филип Арсеновски и Хари Павлов, има максимален биланс во Австрија.

Во Втората лига, Холабурн славеше против Перхтолдсдорф со 34-27 и сега со „седум од седум“ има 14 бодови на првото место.

Павлов беше најдобар стрелец на овој натпревар со шест голови, а Арсеновски стрелаше еднаш, но беше одличен во одбраната.

Следен предизвик за „македонскиот“ тим во Австрија и нашето трио ќе биде домашниот натпревар со Фунфхаус.