Австрискиот тим Холабрун, кој е предводен од македонскиот стратег Влатко Митков, ја почна сезоната со трофеј.
Холабрун, за кој играат уште двајца Македонци – Филип Арсеновски и Хари Павлов, го освои трофејот на пријателски турнир во Австрија.
На стартот Холабрун беше подобар од составот на Траун со 26-14, а потоа и против Корнебург со 25-17.
На вториот натпреварувачки ден, Холабрун го победи и Ацгерсдорф со 20-16, иако имаше висока негатива во текот на мечот.
Во последниот натпревар, тимот на Митков немаше проблеми и славеше против составот на Штокерау со 25-12.