Тимот на Трабзон Ортахисар, каде што игра македонската интернационалка Моника Јанеска Килдан, славеше важен триумф над Одунпазари на некогашната репрезентативка Елена Ѓорѓиевска.
Трабзон Ортахисар оствари победа на домашен терен со минимални 35-34, но со овие бодови практично се пласира во плеј-офот, а го отпиша ривалот од таквата битка.
Сега тимот на Јанеска Килдан има 13 бодови на четвртото место, додека Одунапазари остана на осум бода на петтото место на три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната во турскиот шампионат.
Јанеска Килдан беше меѓу најдобрите во победничкиот состав и успеа да постигне осум погодоци, додека Ѓорѓиевска даде пет гола за Одунпазари.
























