Тимот на Рух Калиш, каде што игра Јована Кипријановска, во 14 коло од полскиот шампион се соочи со Кошалин, каде настапува Ивана Арсениевска.
„Македонскиот“ двобој во Полска го доби составот на Кипријановска со 32-25, иако на полувремето имаше негатива од три гола, 14-11.
Сепак со голем пресврт во вториот дел, Рух Калиш ја запиша првата сезонска победа и ги освои првите бодови.
Кипријановска беше стрелец на пет голови во противничката мрежа, додека Арсениевска даде четири погодоци за Кошалин.























