Македонскиот бисер три сезони во Бутел Скопје!

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Петар Николоски, во иднина ќе настапува за тимот на Бутел Скопје.

Николоски, кој потекнува од Охрид и има само 16 години, а му се предвидува одлична ракометна иднина, потпиша на три сезони со Бутел Скопје.

Бутел Скопје ја продолжува својата мисија, да промовира млади македонски ракометари и да им дава шанса да ги покажат своите квалитети.

Николоски настапи на четири натпревари на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје и беше стрелец на 11 погодоци.

Претходно Бутел Скопје се засили со голманот Благојче Трајкоски, како и Грузиецот Давид Гришикашвили, додека беше продолжен договорот со капитенот Димитар Ѓоргиевски.

Бутел Скопје ќе ги стартува подготовки за новата сезона на 29 јули во вторник, а ќе биде дел од турнирите во Струга и Прилеп.