Македонски ѕид во Германија: Мартин Томовски меѓу топ голманите

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски блеска во Германија. Во дресот на Битигхајм во Втора Бундес лига, Томовски е меѓу најдобрите голмани на лигата и во моментов е четврти на листата по број на одбрани, со вкупно 129 интервенции.

Тој не само што брани одлично, туку е и еден од клучните играчи во серијата на резултати со која Битигхајм се искачи на првото место на табелата.

По 14 одиграни кола, Битигхајм има биланс од 11 победи, две ремија и само еден пораз, гол разлика 419:369 и вкупно 24 бодови, што ги поставува цврсто на врвот на Втората Бундес лига и во пол-позиција за борба за промоција во елитата.

Томовски има искуство во Германија и зане како треба на натпреварите, бидејќи веќе банеше за Лудвигсхафен и Потсдам. Потписот за Битигхајм до 2027 година е стратешки потег на управата за напад на првата лига.

Томовски е на списокот за настап на ЕП 2026 година, каде Македонија ќе игра во група заедно со Данска, Португалија и Романија во Хернинг.