Македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска брани во одлична форма во хрватскиот шампионат.
Нејзиниот тим Брод беше поразен на гостувањето кај Замет со минимални 20-19 и покрај животната партија на Петковска.
Македонката успеа да одбрани дури 19 удари од 38 противнички удари, меѓу кои и два пенали, со 50% успешност.
Со статистиката ова коло, Петковска се најде и пред хрватската репрезентативка од Подравка, Луција Бешен и пред Паулина Павковиќ од Сплит.
Во тимот на Брод се пресели уште една македонска репрезентативка, Ана Марија Коларовска, но таа се уште чека на своето деби.
























