Македонија има квалитетни и светски признаени ракометни судии, а уште една потврда за тоа е номинацијата на две судиски двојки кои ќе делат правда на решавачките дуели во Саудиска Арабија. Светската ракометна федерација (ИХФ) им ја довери оваа задача на Македонците Славе Николов, Ѓорѓи Начевски, Даниело Божиновски и Виктор Начевски. Тие деновиве во Дамам ќе ги судат најважните дуели од тамошното првенство каде ќе се решава за титулата.
Сакајќи да имаа регуларни услови, и пред се фер и квалитетно судење, ракометната федерација на Саудиска Арабија побара од ИХФ помош, а оттаму стигна номинирањето на четирите Македонци. Многупати досега на вакви важни натпревари ИХФ бара помош од европските судии а токму македонските судии докажале дека имаат знаење да се справат со сите предизвици и да испорачаат квалитет.
Славе Николов и Ѓоко Начевски зад себе имаа многу меѓународни настапи, на ЕП, СП, ЛОИ, финалиња на еворски купови каде многупати го докажале сопствениот квалитет. Нивните квалитети се светски признаени. Сите посакуваат тие двајца да судат пред се поради нивната професионалност и познавање на правилата.
Сега на нив им се приклучуваат Виктор Начевски и Данело Божиновски, кои успешно го трасираат сопствениот пат на меѓународна сцена. Тие летово по четврти пат ќе судат на големо натпреварување на младинското СП, а оваа покана од С.Арабија е само доказ дека прераснуваат во судии кои имаа потенцијал да се искачат уште повисоко.