Актуелниот селектор на машката репрезентација на Македонија – генерацијата 2006 и помлади, Наум Танески, ќе биде нов тренер на Прилеп.
Според информациите на 24Ракомет, преговорите меѓу двете страни завршија успешно и се очекува само промоција од страна на прилепчани.
Танески минатата сезона беше на клупата на Струга, со која успеа да обезбеди опстанок во суперлигашката конкуренција преку бараж натпревар.
Стружанецот долго време ја водеше Струга, а сега се реши за поинаков предизвик и ќе седне на жешката клупа во Прилеп, кој посакува пласман во плеј-офот претстојната сезона.
За таа цел активно се работи на ростерот и веќе се продолжени договорите со триото интернационалци – Владан Кастратовиќ, Денис Шабановиќ и Томислав Квастер, а потпишани се и две засилувања – левиот бек Божидар Лековиќ и десниот бек Сандро Дарсанија.