Марјан Начевски делегат на мечот за европска бронза!

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска ќе се бори за 9 место на Европското првенство во Целје, а нашата држава ќе има претставник и на завршницата.

Марјан Начевски ќе биде делегат на натпреварот за бронзениот медал на континенталниот собир меѓу Данска и Германија.

Овој меч ќе се игра вечерва во „Златорог Арена“ со почеток во 18:00, а судии ќе бидат Петурсон и Трастарсон од Исланд.

Во финалето и борбата за злато од 20:30 часот на истото место ќе играат Португалија и Шпанија.