Македонски делегат на Европските универзитетски игри во Гранада!

Гордана Ѓорѓеска е претставник на Македонија како делегат во ракомет на песок на престижните Европски универзитетски игри 2025, кои се одржуваат во Гранада, Шпанија.

Ова големо спортско натпреварување трае од 14 до 19 јули, и вклучува машки и женски категории, со учество на најдобрите универзитетски екипи од цела Европа.

За Ѓорѓeска ова е уште едно искуство бидејќи зад себе има повеќе слични настани, највеќе во помлади категории.

Беше дел од турнирите во Бугарија и Нови сад годинава, а претходните години исто така имаше покани да биде дел од турнири на ракомет на песок.