Македонската ракометарка демантира поврзаност со крими-шема: Ги отфрлам сите обвинувања!

Голема прашина се крена по информацијата дека поранешна ракометарка била инволвирана во криминална шема со издавање лични документи и кривичните пријави што ги поднесе МВР за четири лица, меѓу кои наводно била и Валентина Радуловиќ, а нејзините иницијали беа во извештајот на МВР.

Таа се огласи на социјалните мрежи, категорично ги отфрли сите обвинувања и вели дека може да ја докаже невиноста доколку навистина има некаква постапка против неа.

„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во мвр на издавање пазсоши за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име некаде на почетокот на 2024 кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, вели Радуловиќ.

Таа е поранешна македонска репрезентативка со најголем број настапи за националниот тим и со голем број на титули со Кометал Ѓорче Петров, данскиот Шлагелсе и австрискиот Хипо.

Поранешна ракометарка во криминална шема за забрзано вадење лични документи за пари