„Македонската лига не е најсилна на Балканот – да ги видиме Вардар и Пелистер против нашите најдобри…“

Легендарниот српски репрезентативец Никола Манојловиќ, кој беше дел од најголемиот успех на машкиот ракомет – среброто на ЕП 2012 во Србија, не се сложува со многу ракометни стручњаци околу македонскиот шампионат.

Тој во интервју за „Моцарт Спорт“ потенцираше дека српската лига е најдобра во регионот на поранешна Југославија.

„Многумина нема да се сложат, но сметам дека нашата лига е најдобра во регионот. Сите велат дека македонската е најсилна, но ајде да ги видиме Вардар и Еурофарм Пелистер на дело со Партизан и Војводина. Би сакал да ги одмериме силите. Мислам дека нашата лига е се подобра. Не е добро една екипа да доминира во лигата, тоа не и им донесе ништо добро на Словачка, Полска, Словенија, Романија, Македонија…Ете Вардар два пати беше европски шампион, а Македонија имаше скромни резултати“, изјави Манојловиќ.

Српскиот лев бек, кој во кариерата играше за клубови како Горење, Рајн Некар Левен, Гепинген, Мешков Брест, Копер, Винтертур…а кариерата ја заврши во 2016 како член на Либек.