Машката сениорска репрезентација на Македонија утринава пристигна во Германија, каде што во среда го започнува настапот на Европското првенство.
Македонија нема да има многу време за одмор, веќе денес ќе започне со тренинзите за првиот натпревар против актуелниот олимписки шампион Франција.
Селекторот Лазаров со своите избраници првиот тренинг ќе го имаат со почеток од 13:00 часот.
Македонија првиот меч на ЕП го игра против Франција на 10 јануари од 18:00 часот на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.
Освен со Франција, македонската репрезентација на континенталниот собир ќе игра и против Швајцарија и домашната селекција.
Лазаров ќе носи 18 ракометари на ЕП, еве кој отпадна од комбинација