Тимот на Аполда, кој важи за „македонски“ во Германија, почна со триумф во новата сезона од регионалниот шампионат.
Тренерот Игор Тоскоски, како и триото играчи Пеце Ѓорѓиески, Дејан Гошевски и Христијан Милошески, запишаа победа над Хермсдорф со 41-24.
Македонските бекови беа најдобри стрелци во победничкиот тим – Гошевски постигнаа 11, додека Милошески седум, а Ѓорѓиески даде еден погодок.
Во следното коло, „македонската“ Аполда ќе гостува кај составот на Ронебург.