Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за првите натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева, покрај дуелите во женската ЛШ, оваа сезона добија делегирања и во машкиот ЕХФ Европски Куп.
Тие ќе го судат првиот натпревар од двомечот меѓу босанската Слога Добој и летонскиот Тенакс Добеле.
Овој натпревар на кој делегат ќе биде Борис Ивановиќ од Србија е закажан за 11 октомври од 18:00 часот во „Арена Градишка“ во Добој.