Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 5 коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Дербито на колото се игра во Данска, а ќе мине со арбитража на македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу данскиот Есбјерг и трикратниот европски првак – норвешкиот Кристијансанд.
Овој натпревар е закажан за 13 октомври со почеток во 14:00 часот, а делегат ќе биде Зузана Фулеова од Словачка.