Македонката е МВП: Дабевска со одлична партија против српскиот првак!

Македонската интернационалка Сања Дабевска беше најкорисната ракометарка во нејзиниот тим Бор на дербито со шампионот Црвена Звезда.

Иако Бор загуби од Црвена Звезда со 25-22, кружниот напаѓач имаше најголем индекс на корисност (9) во двата тима.

Дабевска постигна пет погодоци од шест обиди во мрежата на ривалот, но имаше и три изнудени пенали, една асистенција и една освоена топка.

Дабевска и Бор претстојниот викенд ги очекува двобој во ЕХФ Европскиот Куп против израелскиот Макаби Рамат Ган.