Женската репрентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство на 18 позиција по двата порази и едно реми.
На нашата репрезентација за влакно и избега 17 позиција, последна која носи привилегија, односно место во првиот шешир.
Така Македонија заедно со уште шест учесници на ЕП 2024 и четири селекции – победници во претквалификациите за СП 2025, ќе биде дел од вториот шешир.
Франција како светски првак, потоа домаќините Холандија и Германија, плус трите медалисти од ЕП 2024 ќе обезбедат директен пласман, а за Европа има уште 11 слободни места кои ќе бидат пополнети преку бараж средбите.
Покрај ЕП 2024, во овој период се играат и другите континентални шампионати, па ќе бидат познати најголемиот број учесници и на СП 2025, додека ИХФ веќе додели вајлд-карта на САД, па ќе и остане уште една на располагање.
Ждрепката ќе се одржи на 14 декември во Виена со почеток во 13:30 часот.
Ждрепка за бараж за СП 2025, шешири:
шешир 1: Фарски Острови, Исланд, Чешка, Австрија, Шпанија + шест од овие селекции Словенија, Швајцарија, Норвешка, Данска, Полска, Романија, Шведска, Црна Гора, Унгарија
шешир 2: Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Литванија, Косово, Израел, Италија