Женската младинска репрезентација на Македонија утре ќе се борат за избегнување на последното место на Европското првенство во Црна Гора.
Избраничките на Симе Симовски имаа убава шанса за прва победа против Португалија, но беше пропуштена.
Затоа сега ќе одат на дуел со Литванија, која загуби од Холандија и Финска, кој ќе се игра утре со почеток во 09:30 часот.
Македонија во групата загуби од Чешка, Полска и Унгарија, потоа во разигрувањето ремизира со Литванија, а беше поразена од Исланд, Швајцарија и Португалија.