Во серијата пријателски натпревари против кадетските тимови од лигата, кадетската репрезентација на Македонија одигра и против Вардар.
Избраниците на Горан Кузманоски славеа убедливо против „црвено-црните“ со убедливи 44-18.
На полувремето македонската репрезентација имаше исто така висока позитива од 15 погодоци, 22-7.
Бековите Горазд Дамчевски и Бобан Поповски со по осум гола беа најдобри стрелци, седум даде Андреј Георгиев, а по пет пати погодија Стефан Ѓеоргиески и Јован Петрески.
Македонија со победите над Финска и Луксембург се пласираше на Европското првенство во Србија идната година, а противниците ќе ги дознае во јануари.

























