Македонија тргнува со Полска, против Франција на крај – сите три меча на пладне!

Европската ракометна федерација го објави распоредот за натпреварите од втората фаза на младинското ЕП во словенечкиот град Целје.

Македонските младинци ќе играат во групата И за разигрување за пласман од 9 до 16 место на континенталниот собир.

Прв предизвик е селекцијата на Полска на 15 јули од 12:00 часот, додека во вторник е дуелот со Романија во истото време.

Во третото коло од втората фаза, избраниците на Раде Стојановиќ ќе се соочат со селекцијата на Франција, исто така со почеток од 12:00 часот на 18 јули в четврток.

Во зависност од тоа кое место ќе го освоиме во оваа група ќе разигруваме со еден или два ривали од групата Ј во која се Словенија, Србија, Хрватска и Унгарија.