Како дел од подготовките за следните официјални натпревари од квалификациите за ЕП 2026 година, женската сениорска репрезентација на Македонија со победа 34-27 (15-12) го отвори настапот на турнирот „Трофеј Македонија“ и се пријави како кандидат за освојување на првото место.
Тунис можеби и не е некоја класа и светска сила, но покажа жилавост и не се откажа во ниту еден момент, а ние моравме да играме, да комбинираме па и да покажеме игра со која мораме и треба да им се спротиставиме и на посилните. Селекторот Кристијан Грчевски им даде шанса на сите, да види во која форма се. А сите покажаа борба, мотив и желба. Добија шанса, и задачи од селекторот, на моменти седморката изгледаше малку измешано, но целта беше да се види кој колку може.
После 8 минути играње од натпреварот Македонија поведе со 4-3, па и 5-4 а потоа позитивата беше на страна на „црвено-жолтите“. Добро ги распределија головите нашите ракометарки во првото полувреме, кога шест од нив имаа 2 или 3 гола, што покажува на тоа дека секоја од нив беше опасност за голманите на Тунис.
Имавме позитива од 11-7, како највисоко водство во 22 минута, по што Тунис мораше да бара тајмаут. И овие 3-4 гола за задржаа до крај на првиот дел. Последните две минути дозволивме да примиме два гола, но ја задржавме предност од три гола (15-12) со предност со кола отидовме во соблекувалните.
Само што почна вториот дел првпат имавме и предност од 18-13, а потоа и 19-14. Таа петка ја одржувавме и натаму, за да стигнеме и до 23-17. Имавме предност, но прифативме да се наттрчуваме со Тунис, да играме брзо. И добри бевме во тоа, го сочувавме резултатот и иамвме и 28-22 предност во 50 минута.
Емилијана Ризоска беше расположена, и играше само во второт полувреме и постигна 6 гола, повеќето од игра, од контра, од крило, и од пенал. Само еднаш промаши, а меѓу оние што во вториот дел отскокнуваа беше и пикерот Катерина Дамјановска со 4 од вкупно 6 гола на мечот. Во 55 минута првпат отидовме на „плус 7“ за водство 31-24, и веќе беше најавено кој ќе победи. Ниту тајмаутот на Тунис не можеше да смени нешто многу. Победникот се надѕираше, а времето одминуваше.
На крај радост за Македонија кој утре во второто коло треба да игра со Египет, а Тунис се среќава со Грција.
Во репрезентацијата на Македонија најпрецизна беше Емилијана Ризоска со 6 гола, исто колку и Катерина Дамјановска. По четири голови постигнаа Марија Јанкуловска, Ива Младеновска и Јована Крипријановска.