Сениорската репрезентација на Македонија на вториот пријателски натпревар против јужниот сосед во Солун триумфираше со 23:22 (12:10).
Првиот контролен дуел меѓу двете репрезентации, кој беше одигран вчера, заврши без победник, 29:29.
Избраниците на Лазаров имаа подеми и падови во текот на сите 60 минути, но на крај беа повеќе фокусирани и со подобрата игра во финишот успеаја да триумфираат.
Серафимов постигна пет погодоци за Македонија, четири гола имаше Велковски, додека три пати прецизно биеше Талески.
Овие две средби против јужниот сосед, како и следните две во јануари 2024 година, се дел од подготовките за настапот на ЕП во Германија.
Македонија на континенталниот собир се наоѓа во група со Германија, Франција и Швајцарија. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат настап во следната фаза,
Грција, која исто така ќе учествува на Европското првенство, за ривали во првата фаза ги има репрезентациите на Данска, Португалија и Чешка.