Jovana KIPRIJANOVSKA and Krisztina TOTH, North Macedonia vs Türkiye, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 30.11.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Македонија со трет предизвик – ќе игра со домаќинот на ЕП

Женската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство 2024.

Избраничките на Кристијан Грчевски за трет ривал го имаат еден од домаќините на континенталниот собир – репрезентацијата на Унгарија.

Како што е познато, македонската репрезентација во претходното коло одигра реми против Турција, а на стартот на Европското првенство беше убедливо поразена од Шведска.

Натпреварот меѓу Унгарија и Македонија ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во „Феникс Арена“ во Дебрецен.

На денешната програма од Европското првенство ќе се одиграат уште пет натпревари.

Распоред на денешните натпревари на ЕП:
18:00 ПОЛСКА – ШПАНИЈА
18:00 МАКЕДОНИЈА – УНГАРИЈА
18:00 СЛОВЕНИЈА – АВСТРИЈА
20:30 ПОРТУГАЛИЈА – ФРАНЦИЈА
20:30 СЛОВАЧКА – НОРВЕШКА
20:30 ТУРЦИЈА – ШВЕДСКА