Женската пионерска репрезентација на Македонија стартуваше со пораз од Италија со 21-19 (6-4, 6-9, 9-6) на Медитеранското првенство што од денеска до 14 февруари се игра во Приштина.
Првата третина, избраничките на Славиша Димитријески ја загубија со 6-4, но во втората третина одиграа многу подобра и ја добрија со 9-6, па со резултат 13-12 се влезе во последниот период.
Таму водевме со 16-14, но ривалките направиjа пресврт во финишот и ja однесоа победата.
Натпреварите се играат во три третини по 15 минути, а селекциите покрај двата бода за победникот, добиваат по 1 поен за добиена третина (или по 0,5 ако е реми).
Следен предизвик за нашите ракометарки ќе биде утрешниот дуел од 16:30 часот против Словачка.
























