
Македонија губи од домаќинот Данска по првите триесет минути со резултат 17-12 на отворањето на Европското првенство. Нашите репрезентативци им парираа на моќните Данците, но полетноста и квалитетот на Данска во само секунди ја уништуваа секоја надеж на нашиот стручен штаб за позитивен резултат во првиот дел. Имавме неизвесен натпревар додека во 6. минута двапати Гидсел и ветеранот Лауге Шмит создадоа позитива за домашните ракометари од три голови, а разликата порасна до пет голови.
Томовски и Митев ја имаа честа да ја забележат првата одбрана и гол на натпреварот. Со домаќините бевме рамо до рамо првите 6 минути. Неколку „продадени“ топки во нападот на „црвено-жолтите“, една одбрана на Нилсен и убоити и прецизни контра напади ја одведоа Данска на 8-3 по првите десет минути игра. Втората половина од првиот дел играта на Македонија се подобри, нашиот голман Томовски имаше две успешни интервенции, а нападот го намести нишанот, па разликата се намали на само два негатива за избраниците на Лазаров. Во 23 минута имавме и напад за „минус два“, но повторно грешка во напад за неколку секунди не чинеше зголемување на домашната предност на 14-10.
Разликата ја одржуваме до самиот финиш кога беше исклучлен Марко Стојковиќ, а моќните Данци додоа нов гол во својата залиха и на полувреме заминаа со предност од 17-12.
Во составот на Македонија недостасуваат искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски кои ќе ги видиме во наредните натпревари на Европското првенство. Македонија игра во група Б заедно со Португалија и Романија.

























