Кадетската машка репрезентација на Македонија има шанса да го освои првото место на квалификацискиот турнир во Луксембург.
Откако Финска славеше против Грција со 29-25, а под услов Македонија да го совлада Луксембург (сеедно со која разлика), три селекции ќе имаат по четири бодови – Македонија, Финска и Грција.
Ќе се формира мини-табела за трите селекции и ќе се пресметуваат само нивните меѓусебни дуели и голови. Тоа значи дека Македонија би била прва поради најдобрата гол-разлика, Финска втора иако има ист гол-разлика како Грција, но повеќе постигнати голови.
Тоа пак значи дека Грција би извисила и нема да оди на ЕП, иако нивната федерација вчера ја прослави победата над Македонија и објави дека е обезбедено место на континенталниот собир.
Но за нас главно е да избориме било каква победа над домаќинот и да одиме на ЕП.
Пласман на ЕП обезбедуваат прво и второпласираните селекции од петте квалификациски групи, а претходно на ЕП според рејтинг се пласираа домаќинот Србија и уште 13 селекции.
Македонија – Финска 36-29
Македонија – Грција 31-32
Грција – Финска 25-29
1.Македонија 2 (+6) 67:61
2.Финска 2 (-3) 58:61
3.Грција 2 (-3) 57:60


























