Македонија со 18 ракометари во Полска, само еден тест пред Мундијалот

Селекторот на младинската машка репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го скрати списокот и ги одреди патниците за Полска пред настапот на Мундијалот.

Стојановиќ во Полска ќе носи 18 ракометари, а меѓу нив нема да бидат кадетските репрезентативци Самоил Ристевски и Дамјан Митев.

Од оние што ги поминаа мини подготовките во Маврово, отпадна чуварот на мрежата Марко Трајков.

Единствениот тест пред Мундијалот ќе биде пријателскиот натпревар против Јапонија што ќе се игра денеска.

Македонија е во група со Романија, Исланд и Фарски Острови, а само прво и второпласираните селекции се пласираат во главната рунда.

Список на Македонија:

Галевски, Брестовац, Стојановски М., Субашевски, Петковски, Белистојаноски, Даневски, Михајловиќ, Карасманакис, Глигоров, Дамјаноски, Димевски, Узунчев Т., Стојановски А., Шулески, Димковски, Калајџиески, Узунчев Д.