Младинската репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар на „Трофеј Карпати“.
Избраниците на Раде Стојановиќ ќе се сретнат до домаќинот на овој турнир, селекцијата на Романија.
Ова е практично финале на турнирот, односно меч за трофејот, бидејќи и двете репрезентации имаат по две победи над Саудиска Арабија и Словачка.
Македонија и Романија имаат и идентична гол разлика, +22, со тоа што домаќините имаат постигнато гол повеќе, 73, а нашите ракометари 72.
Натпреварот меѓу Македонија и Романија започнува од 16:30 часот, а може да го следите ТУКА.