Женската пионерска репрезентација на Македонија го загуби и вториот натпревар на турнирот „Трофеј Србија“ што се одржува во градот Лозница.
По Австрија, нашите ракометарки загубија од Србија со 27-22, иако пружија солиден отпор на ривалот особено во првиот дел, кога беше 13-12.
По негативата од 9-5, македонските пионерки се вратија во егал, 9-9, а потоа се играше гол за гол до паузата.
Кон средината на вториот дел, при резултат 17-16, Македонија влезе во серија грешки и домаќинот тоа го казни за 22-16, па до крајот рутински го задржа водството.
За нашата репрезентација останува уште дуелот со Црна Гора утре од 12:00 часот.

























